ПАРИСКИ МИРОВНИ ДОГОВОРИ, МИРОВНИОТ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА

ПАРИСКИ МИРОВНИ ДОГОВОРИ, МИРОВНИОТ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА (1947). По завршувањето на Париската мировна конференција и со потврдувањето на предвоените граници на Бугарија со таа држава бил потпишан Мировен договор (10. Ⅱ 1947). Стапил во сила на 15. Ⅸ 1947 г. Бугарија објавила Декларација (1. Ⅷ) и се откажала од репарациите (предвидени со чл. 25 од Договорот) за штетите нанесени од бугарските окупаторски сили и власти во времето на окупацијата во Македонија и во Србија. Југославија го ратификувала Мировниот договор со Бугарија (23. Ⅷ 1947). Со чл. 1 од Договорот се потврдувале границите на Бугарија (1. И 1941), со потврдување на границите била санкционирана версајската поделба на Македонија меѓу балканските држави. Прашањето за обезбедување на правата на националните малцинства не било предмет во Договорот. ЛИТ.: Михајло Миноски, Авнојска Југославија и македонското национално прашање (1943-1946), Скопје, 2000. М. Мин. „ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА“