ПАКОВСКА, Елпида

ПАКОВСКА, Елпида (Пиреј, Грција, 15. ⅩⅠⅠ 1935) – балерина. Средно балетско училиште завршува во Скопје во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. Специјализира во Москва кај М. Семјонова и О. Лепешинска. Игра во Балетот при МНТ (1950–1974), каде што станува и негова првенка. Балерина со сигурна и вирту-Елпида Паковска во улогата на Жизел озна техника и со длабока експресивност при креирањето на улогите. Во 1963 г., како претставник на РТВ Скопје, во придружба на Ј. Пашти, учествува во првата телевизиска емисија емитувана од ТВ студиото во Белград. УЛОГ: Јулија (С. Прокофјев, „Ромео и Јулија“), Жизел (А. Адам, „Жизел“), Одилија (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“) и др. Ем. Џ.