ПАВЛОВСКИ, Никола

ПАВЛОВСКИ, Никола (Изглибе, 15. Ⅷ 1939) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1962). Го предавал предметот проектирање индустриски и стопански згради. Се зани-Никола Павловски мава и со архитектонско проектирање на стопански, на индустриски, на станбени и на деловни објекти. Учествувал и на анонимни архитектонски конкурси. Позначајни реализирани објекти: Фабриката за медицинска пластика во Тетово (1986), поштите со АТЦ во населбите Зелен Рид и Карпош во Куманово (1994). Се занимава и со научноистражувачка работа, посебно со проблемите на осветлувањето со дневна светлина во архитектонското проектирање и објавил повеќе трудови. Кр. Т. Радован Павловски