ПАЈОНИЈА

ПАЈОНИЈА (Паиониа) – античка област по средниот тек на р. Аксиј (Вардар) и базенот на р. Астибо (Брегалница) и држава на Пајонците (прва половина на Ⅳ в. – ок. 230 г. пр.н.е.). Првпат е спомната во Хомеровата Илијада. Прв Карта на Пајонија (во разни временски периоди) познат пајонски крал е Агис (до 359 г. пр.н.е.). Од пајонската владетелска династија познати се и Ликеј, Патрај, Авдолеон, Аристон, Леон и Дропион. Нејзина најголема населба, а можеби и престолнина бил градот Вилазора, кој веројатно се наоѓал на локалитетот Градиште кај с. Кнежје, Светиниколско. Пајонија ја признала врховната власт на Филип Ⅱ Македонски (358 г. пр.н.е.). Подоцна (ок. 230 г. пр.н.е.) јужните делови на Пајонија потпаднале под директна македонска власт, а северните делови под власта на Дарданците. Пајонската коњица учествувала во походот на Александар Ⅲ Македонски на Исток. Во времето на римската власт нејзината територија била поделена меѓу три мериди што веројатно имало пресудна улога за полното исчезнување на етнографскиот поим Пајонија. ЛИТ.: Е. Петрова, Пајонија во Ⅱ и И милениум пр.н.е., Скопје, 1999. К. М.-Р.