ОХРИДСКА ИЗЈАВА

ОХРИДСКА ИЗЈАВА (Охрид 22–23. Ⅶ 1991) – изјава од состанокот на Претседателството на СФРЈ со претседателите на републиките и највисоките функционери на Федерацијата, во која се изразува решеност за придонес кон мирот и демократијата, се бара безусловно повлекување на ЈНА во гарнизоните, а Претседателството се задолжува да формира државна комисија за утврдување на фактичката ситуација во кризните жаришта и во Р Хрватска и да побара од ЕЗ испраќање набљудувачка мисија. ИЗВ.: Изјава на претседателите на Јурепубликите во Охрид, 23.7.1991, „Меѓународна политика“, бр.995–7/91. Т. Петр.