ОСМАНЛИСКО-СРПСКА КОНЗУЛАРНА КОНВЕНЦИЈА

ОСМАНЛИСКО-СРПСКА КОНЗУЛАРНА КОНВЕНЦИЈА (Цариград, 26. Ⅱ / 9. Ⅲ 1896). Со нејзиното потпишување била заменета Привремената спогодба, склучена во Белград (22. Ⅷ / 4 Ⅸ 1886). Со склучувањето на Конзуларната конвенција Србија можела да отвори свои кунзуларни претставништва во Турција, следствено и во Македонија. Со чл.13 од Конвенцијата на конзулите им била призната судска власт во споровите меѓу српските државјани. Српските граѓани добиле право да купуваат и да располагаат со недвижни имоти во Македонија. Србија отворила конзулати во Скопје, Битола, Солун и во Серез, кои го презеле финансирањето и раководењето со српската пропаганда во Македонија. ЛИТ.: Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави, Скопје, 2000. М. Мин.