ОСИ, РАСТИТЕЛНИ

ОСИ, РАСТИТЕЛНИ (Сѕмпхѕта) – најпримитивни ципокрилни инсекти. Во стадиум на ларва се хранат со листови и со други растителни органи и ткива, по што и го добиле името. Овој подред е добро истражен во Македонија. Тука спаѓаат: оси дрвенарки (Сирицидае), чии ларви живеат во стеблата на дрвјата, Растителна оса дупчат карактеристични ходници и им нанесуваат големи штети; најпознат вид е Сиреџ гигас Л., и оси листарки (Тентхрединидае), чии ларви живеат на листовите од голем број растенија и се хранат со нив. Во Македонија се утврдени 179 таксони оси листарки, од кои видот Тентхредопсис мацедоница Цинговски е ендемичен. ЛИТ.: Јонце Цинговски, Зњеитер беитраг зур кеннтнис дер Блаттњеспенфауна вон Мазедониен, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1958, В (10/51): 163-176; истиот, Растителни оси, Сѕмпхѕта – Тендхрединидае (Инсецта-Хѕменоптера), Фауна на Македонија, Ⅵ, Природонаучен музеј на Македонија, Скопје 1985; група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт). Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К.– М. Кр.