ОСИ, ВИСТИНСКИ

ОСИ, ВИСТИНСКИ (Веспидае)– ципокрилни инсекти (оси и стршни). Се хранат со цветен прав и нектар. Се одликуваат со црна и жолта боја на телото. Живеат одделно или во заедници. Најниска форма на заедничко живеење постои кај галската оса (Полистес галлицус Л.), која прави повеќеќелијни гнезда од дрвена маса во облик на шестоаголник. Сличен начин Обична оса на живеење има кај сите видови од родот Веспа, кои прават дупки во земјата или во шупливи дрвја. Најчести видови во Македонија се: обична оса (Веспула вулгарис Л.), која прави гнезда во земјата; саксонска оса (Долицховеспула саџоница Фабр.), гради гнезда по куќите и зградите; црвена оса (Веспула руфа Л.), прави гнезда во шупливи дрвја, и стршен (Веспа црабро Л.), кој гради гнезда во напуштени човечки живеалишта или во земјата и е нашата најголема оса; убодот може да биде смртоносен. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К.– М. Кр.