ОРБИНИ, Мавро

ОРБИНИ, Мавро (1563–1610/14) – католички монах и историчар. Световното име му е Фрањо, а името Мавро го зема како монах. Основното и средното училиште ги завршува во Дубровник, а на 15-годишна возраст пристапува во Бенедиктинскиот манастир. Литературната дејност ја започнал со компилациското теолошко дело Де ултимо фине хуманае витае вел сум-мо боно. Неговото најзначајно дело е Кралството на Словените (Пезаро, 1601), кое во еден период било ставено во Индексот на забранетите книги. Орбини направил и превод од италијански на Спеццхио спиритуале дел принципио е дел фине делла вита умана од Ангело Ели. Мавро Орбини, „Кралството на Словените“ (прво издание, 1601) БИБ.: Мауро Орбини, Ил Регно дегли Слави, 1601. Нацхдруцк бесоргт вон Сима Цирковиц унд Петер Рехдер, Мит еинем Ворњорд вон Сима Цирковиц, Мüнцхен, 1985 шрепринтќ; Томо Матиќ, Барјактаријев латински пријевод Орбинијева „Ил регно дегли Слави“, „Хисторијски зборник“‘, Ⅲ, 14, Загреб, 1950, 193-197; Мавро Орбин, Краљевство Словена, Београд, 1969. ЛИТ.: Црониа Артуро, Ил „Регно дегли Слави“ ди Мауро Орбини (1601) е ла „Историја Славеноболгарскаја“ дел монацо Паиси (1762), Рома, 1940-ⅩⅤⅠⅠⅠ; Никола Радојчиђ, Српска историја Мавра Орбинија, књ.ЦЛИИ, одељење друштвених наука,2, Београд, 1950; Билјана Ристовска-Јосифовска, „Кралството на Словените“ од Мавро Орбини како извор за македонската средновековна историја, Скопје, 2001. Б.Р.-Ј.