ОПАЛИТ

„ОПАЛИТ“ – рудник за опалски бречи. Терминот опалит потекнува од опалските бречи во наоѓалиштето Спанчево. Во 60-тите години од минатиот век е формирана компанија за експлоатација на опалските бречи кај селото Спанчево и нивно делумно микронизирање во с. Чешиново, и на компанијата $ е дадено заедничкото име „Опалит“, кое и до денес е синоним за експлоатацијата на опалските бречи. Во нејзиното повеќедецениско постоење „Опалит“ – Чешиново достигнала свој голем развој, кој достигнувал и до 150.000 т годишно производство опалски бречи со висок квалитет, којшто претставувал основна компонента во производството на цемент во фабриката „Усје“ во Скопје. Денес рудникот работи со многу мал капацитет од околу 10.000 т опалска бреча на годишно ниво. Т. Сер.