ОГНЕНОВСКИ, Тале Јончев

ОГНЕНОВСКИ, Тале Јончев (с. Брусник, Битолско, 27. Ⅳ 1922) – кларинетист. Неговиот татко свирел на гајда, а нему на петгодишна возраст му купил дајре, наскоро потоа и кавал. Кога баба му се уверила во неговиот музички талент, му го купила првиот кларинет (гарнета). Бил член на Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ и посебно се истакнал на 84-дневната турнеја низ САД (1956), при што биле одржани 66 концерти во 53 града, меѓу кои и во Карнеги хол. Во својот репертоар има над 150 македонТале Огненовски ски ора. Самиот е автор на популарните ора „Мицино“, „Невенино“, „Пелистерско“, „Старото“, „Стефчево“, „Талево свадбарско“, „Цапарско“ и др. Подоцна беше раководител на Оркестарот чалгии при Радио Скопје. Снимил над 30 грамофонски плочи и касети. Повремено свирел и класична (Вебер, Кавалини, Моцарт) и џез музика (Бени Гудман, Арти шо). ЛИТ. В. Лазаревска, Мајсторството на гарнената – на внуците. Тале Огненовски. Фото: А Ѓорѓиев, „Екран“, бр. 950, Скопје, 26. И 1989, 42-43. С. Мл. Радослав Огњановски