ОГНАНОВ-ПЕТКАНЧИН, Герасим

ОГНАНОВ-ПЕТКАНЧИН, Герасим (гр. Банско, 1885 – Арџанското Блато, Кукушко, Ⅹ 1912) – учител, револуционер, малешевски околиски војвода. Се школувал во Военото училиште во Софија, кое го напуштил и го завршил Американското училиште во Самоков. За време на Илинденското востание учествувал во четата на врховистичкиот војвода Јурдан Стојанов. Преминал во ТМОРО во четата на Пешо Самарџиев во Тиквешко. Станал малешевски околиски војвода (1907). Во времето по Младотурската револуција се занимавал со трговија во Солун. ЛИТ.: „Ил. ИлинденÏ“, бр.3, София, 1933&1934; „Македонски вести“, 1936, бр. 68. В. Ѓ.