ОГЊАНОВСКИ, Радослав

ОГЊАНОВСКИ, Радослав (Сланско, Македонски Брод, 15. Ⅺ 1928) – новинар и публицист. Завршил Висока новинарско-дипломатска школа во Белград. Во новинарството од 1952 г., еден од основачите на неделникот „Стопански весник“. Од 1956 г. до пензионирањето во „Нова Македонија“: соработник и уредник во Внатрешно-политичката и во Стопанската рубрика, дописник од Лондон, заменик, а потоа главен и одговорен уредник на весникот и генерален директор на НИП „Нова Македонија“. Автор на публицистичкиот труд „Македонија во 70тите години“. Б. П. Ѓ.