ОЏАКЛИЕВСКА, Маја

ОЏАКЛИЕВСКА, Маја (Скопје, 21. Ⅳ 1954) – интерпретаторка на популарна музика. Во 1970 г. го имала својот прв јавен настап на фестивалот Младина во Суботица („Оли, тоа не е фер“, Љ. Константинов). Потоа настапувала на сите поважни фестивали во тогашна Југославија (Белградска пролет, Скопски фестивал, Месам, Опатија, Сплит, Загреб и др.). Многу од песните во нејзина интерпретација станаа хитови: „Не ме допирај“; „Многу солзи“; „Среќо моја“; „Биди добар“; „Далечини“ идр.). Оствари голем број настапи во странство и учество на над 450 хуманитарни концерти. Се обидела на филмот („Јужна патека“ на С. Црвенковски) и во театарот („Коштана“). Соработувала со голем број познати автори: Љ. Бранѓолица, Г. Копров, К. Костов, А. Џамбазов, Љ. Константинов и др. М. Кол.