НОВКОВСКИ, Ненад (Крива Паланка, 14. Ⅴ 1958) – физичар, ред. проф. на ПМФ (2001). Дипломирал на ПМФ (1980), магистрирал на ЕТФ (1985) во Белград и докторирал на ПМФ (1990) со тема за добивање со брза термичка постапка на ултратенки оксинитридни филмови со оптимален диелектричен интегритет. Специјализирал во Лозана. Објавувал трудови за тенките полуспроводнички филмови, соларните ќелии и др., во странски и во домашни списанија. Одржувал настава главно по предметите физика на кондензирана материја и мерења во физиката. Опремил лабораторија за прецизни електрични мерења. Двапати бил избран за шеф на Институтот за физика (1993– 1997), и трипати за министер за образование и наука во влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ (1998–2002). ЛИТ.: Природно-математички факултет – Скопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 180; 60 години Природно-математички факултет – Скопје, Скопје, 2006, стр. 176–177. В. Ур. Ново Село, Струмичко