НОВ ДОЈРАН

НОВ ДОЈРАН – населба на западниот брег на Дојранското Езеро. На северозапад со регионален пат е поврзана со Валандово, а на југоисток со Кукуш во Република Грција. Таа е формирана по Првата светска војна, кога до темел бил разурнат Стар Дојран. Населението е со мешан етнички состав. Во 1961 г. овде живееле 1.114 ж., а ис-то толку (1.100) се регистрирани и во 2002 г. Од нив 1.023 ж. биле Македонци, 27 Срби, 23 Турци, 14 Роми и 11 Албанци. Риболовот, лозарството и туризмот се главни занимања. Во населбата има осумгодишно училиште, неколку трговски и занаетчиски дуќани. ЛИТ.: Тодор Кондев, Нов Дојран – изразито рибарска населба и Стар Дојран – туристичка населба, „Географски разгледи“, кн. 4, Скопје, 1966. Ал. Ст.