НОВ ДЕН

„НОВ ДЕН“ – списание за уметност, наука и општествени прашања. Првиот број излегува во октомври 1945 г. во Скопје под Редакцискиот колегиум во сос-Првото списание за уметност, наука и општествени прашања „Нов ден“ (1945-1950) тав: Венко Марковски, Владо Малески-Тале (одговорен редактор), Блаже Конески, Киро Хаџи Василев, Цицо Поповиќ и Димитар Митрев. Излегува секој ме-сец, освен јули и август, до крајот на 1950 г. како орган на Друштвото на писателите на Македонија. Во него се печатат научноистражувачки, книжевноисториски и општествено-политички текстови, како и песни и раскази, а на крајот во рубриката „Културен преглед“ се даваат информации за значајни манифестации, претстави, културни настани, како што е и информацијата за формирањето на првиот Државен универзитет во Скопје (ноември–декември 1946). По неговото згаснување, како еден вид продолжение, во април 1951 г. се јавува списанието „Современост“ со Редакција во состав: Киро Ха-џи Василев, Коле Чашуле и Ацо шопов. В. М.-Ч.