НИКОЛОСКИ, Томе Петров (Крушево, 16. Ⅸ 1941) – психолог, универзитетски професор. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1965). Магистрирал на Универзитетот Хал, Англија (1974), каде што и докторирал од областа на индустриската психологија (1976). На Филозофскиот факултет во Скопје се вработил во 1970 г., каде што е редовен професор (од 1987) по предмети од областа на психологијата на трудот и статистиката во психологијата. Учествувал во повеќе научноистражувачки проекти. Ги раководел проектите Македонска ревизија на Векслеровиот индивидуален тест за мерење на интелигенција (1987–88) и Психолошки фактори на професионалното определување (1992–94). Автор е на бројни трудови од областа на психологијата на трудот, професионалната ориентација, примената на компјутерската техника во статистиката и др. БИБ.: Статистика во психологијата, 1997; Луѓето и занимањата, 1995, 1996; Психологија на трудот, 2000, 2005. ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 270. В. Арн. Александар Никољски