НИКОВ, Бошко (Кратово, 1946) – инженер металург и стручњак за заштита на животната средина. Се школувал во Скопје, каде што и дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Магистрирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград (1980), а докторирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1995). Кратко работел на Технолошкометалуршкиот факултет во Скопје, а потоа во МХК „Злетово“ во Велес, а бил и директор на сектор. Подрачја: металургија на обоени метали и заштита на животната средина. Автор е на проекти, елаборати и научни трудови. Св. Х. Ј. Ристо Никовски