НИКИФОРОС, Грегорас

НИКИФОРОС, Грегорас (ⅩⅣ век) – византиски дипломат и историчар. Патувајќи во дипломат-ска мисија на дворот на Стефан Дечански и поминувајќи низ тешкопроодни краишта околу реката Струма, слушал како неговите сопатници Словени пеат некакви тажни песни (трагика мели) за херојските подвизи на своите народни јунаци, што е сведоштво за народната епска традиција пред познатите циклуси, создадени во отоманскиот период. Грегорас соопштува за убави и складни песни, кои не биле варварски творби, какви што дотогаш познавал на македонска почва. Б. Орт. Средното општинско училиште „Нико Нестор“, Струга