НИКЕТИЌ, Божидар (Сремска Каменица, Србија 18. Ⅱ 1899 – Скопје, 18. Ⅲ 1963) – невропсихијатар, редовен проф. на Мед. ф., еден од првите 19 наставници на новоформираниот Мед. ф. во Скопје, шеф на Катедрата и прв директор на Невропсихијатриската клиника. Успеал од скромното Психијатриско одделение да формира современа Клиника за невропсихијатрија, воведувајќи современи методи на иследување и третман на болните. Ја формирал и Психијатриската болница „Бардовци“ во Скопје. Бил претседаБожидар Никетиќ тел на МЛД (1953), претседател на Сојузот на лекарските друштва на Југославија и доживотен претседател на Невропсихијатриската секција на МЛД, а во еден мандат и декан на Мед. ф. во Скопје. Бр. Н.