НИКАНОР

НИКАНОР (Стагира, 360–317 пр.н.е.) – војсководец на Александар Ⅲ Македонски, внук на Аристотел. Бил испратен кај Хелените (324 пр.н.е.) да го пренесе кралскиот проглас со кој се заповедало да им се дозволи враќање на политичките бегалци. Го командувал гарнизонот на Касандар во Минухиј (319 пр.н.е.) и неговата флота на Босфор, каде што бил поразен Клејтос (318 пр.н.е.). Една расправија со Касандар довела до негово апсење и погубување. ИЗВ.: Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг,1896. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. К. М.-Р.