НАЦИОНАЛЕН ПАРК ПЕЛИСТЕР

НАЦИОНАЛЕН ПАРК „ПЕЛИСТЕР“ – прогласен е во 1948 г. Се простира на северните и северо-источните падини на Пелистер, на површина од 10 400 ха. Геолошката подлога над 1.300 м надморска височина е гранит што излегува на површина во вид на испревртени блокови, камени реки и сипари, а надолу доминираат кристалести шкрилци. Паркот е богат со вода, а од посебно значење се трите глацијални циркови исполнети со вода. Главен мотив за прогласување на Националниот парк „Пелистер“ е моликата, која е терцијарен реликт. Од другите ендеми се Диантхус мѕртинервиус, Цроцус перистерицус, Алцхемилла перистерица, а интересни се и арктоалпските видови на јужната граница на ареалот Цареџ цурвула, Анемоне нарциссифлора, Јунцус трифидус, Елѕна мѕосуроидес и др. Својата западна и јужна граница ја достигнува Бруцкентхалиа спицулифолиа. Во врска со користењето на Националниот парк се издвоени три зони: Строго заштитена зона што ги опфаќа деловите над 1.600 м надморска висина, Рекреативнотуристичка зона каде што има изградено детско одморалиште, хотел, ски-лифт и скијачки патеки, излетнички места и Мелиоративна зона што ги зафаќа подрачјата меѓу селото Кажани, врвот Вртешка и превојот Ѓавато. Р. Р.