НАЦИОНАЛЕН ПАРК МАВРОВО

НАЦИОНАЛЕН ПАРК „МАВРОВО“ – прогласен во 1949 г. Се простира во сливот на реката Радика, на површина од 73 088 ха. Во него има над 50 врвови повисоки од 2.000 м, а највисокиот е Голем Кораб (2.764 м). Околу 29 000 ха се високопланински пасишта. Геолошката подлога се изменува на мал простор, а доминираат варовници. Главен мотив за прогласување на Националниот парк е смреката (Пицеа абиес), којашто е Мостот „Елен Скок“ (Мала Река) во Националниот парк „Маврово“ на јужниот раб на ареалот и старите елови шуми од Абиес борисии Регис. На теренот има голем број ендемични видови: Нартхетиум сцардицум, Мелампѕрум сцардицум, ВалеМечка, жител на националните паркови во РМ риана бертисцеа, Сеслериа корабенсис, Рхамондиа сербица, а интересни се видовите Рхамнус пумила, Дрѕпис линеана, Меѕантхес трифолиате, Центрантхус јунцеус и др. многу ретки видови. Особено е интересна глацијалната долина, т.н. Длабока Река (пројфел) со реликтни релјефни форми и со ретка флора. Посебна улога има вештачкото Мавровско Езеро. Во врска со користењето на паркот се издвоени три зони. Строго заштитена зона, која ги опфаќа Луково Поле, Аџина Река, Острово; Рекреативно-туристичка зона, која опфаќа тесен појас околу Мавровското Езеро и падините на Бистра, со ски-лифтови и со скијачки патеки, и Мелиоративна зона што ја опфаќа врбенската, волковиската шума и др. Р. Р.