НАУМОВСКИ, Петар

НАУМОВСКИ, Петар (Прилеп, 27. Ⅷ 1968) – кошаркар. Бил член на Кошаркарскиот клуб „Работнички“ во Скопје. Со КК „Југопластика“ од Сплит двапати Вангел Наумовски: „Езерски мотив“ (1971) го освоил првенството на Југославија и на Европа, со КК „Бене-тон“ (Италија) Купот на Европските шампиони, со КК „Ефес-Пилсен“ (Турција) трипати првенството на Турција и Купот на „Радивое Кораќ“. Успешно настапувал и за други клубови и трипати за најдобрата селекција на Европа. Со Репрезентацијата на Македонија играл на завршните натпревари на Европското првенство во Франција (1999). Од Кошаркарската федерација на Македонија е прогласен за најдобар кошаркар на Македонија во ХХ век. Д. С.