НАУМОВСКИ, Душко С

НАУМОВСКИ, Душко С. (Крушевац, Србија, 2. Ⅵ 1921 – Битола, 10. ⅩⅠⅠ 1961) – режисер. Првоборецот што го испукал првиот истрел кон стражарот на Прилепската полициска станица, со што го најавил Востанието на македонскиот народ во Втората светска војна, бил режисер и директор во Прилепскиот и во Битолскиот театар, а се занимавал и со преведувачка дејност. Меѓу неговите режии посебно се изделуваат дела од југословенските ав-тори: „Зона Замфирова“; „Зла жена“; „Вообразен болен“; „Заеднички стан“; „Мистер Долар“; „Д-р“; „Пат околу светот“; „Дундо Марое“ и др. Р. Ст.