НАУМОВСКИ, Александар Георгиев (Битола, 12. Ⅲ 1925 – Скопје, 22. ⅩⅠⅠ 1995) – физиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Медицина завршил во Скопје и се вработил на Институтот за физиологија, каде што работел до крајот на животот. Неговиот научен интерес е физиологијата на крвната коагулација. Бил шеф на Катедрата по физиологија (1982–1984). Коавтор е на практикум по физиологија. ЛИТ.: Билтен на Мед. фак., 462, Скопје, 1. Ⅹ 1985. Д. С.-Б. Бранко Наумовски НАУМОВСКИ, Бранко Јосифов