НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД ДИМИТАР ВЛАХОВ

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ .(атарот на с. Габровник, Велешко, во втората половина на септември 1942 – Дебарца, 18. Ⅷ 1943) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран во рамките на извршената реорганизација на партизанските единици во Велешко и Прилепско од борците на НОПО „Пере Тошев“ и новопристигнати борци. Дејствувајќи по чети и одделенија (десетини), извршил акции и водел борба со бугарската војска и полиција, ги прекинувал и ги уривал ПТТ врските, ги уништувал општинските архиви, напаѓал полициски станици, ги разоружувал селските стражи и формирал НОО во селата Бистрица, Богомила, Помелово, Чашка, Десово, Нежилово, Црешево, Селци, Лисиче, Катланово, Горно Количани, на железничката станица Клајман (сега Васил Антевски), рудникот за момирок кај с. Степанци и др. (септември–ноември 1942). Исто така, во с. ’Рлевци ја разоружал селската контрачета (29. Ⅺ), кај с. Папрадиште водел борба со делови на велешката контрачета (4. ⅩⅠⅠ), а втората чета на Одредот била опколена од бугарската полиција кај с. Војница и при пробојот кон Тиквешијата имала осетни загуби (17. ⅩⅠⅠ). Загуби имал и во борбите со надмоќните бугарски сили кај селата Дреново и Зелениково и на пл. Лисец (декември 1942). Поради отежнатите услови на дејствување, преостанатите борци преминале во илегалство. Одделните групи правеле безуспешни обиди да се префрлат на терештабот на втората чета на Народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ (1942) нот на Скопска Црна Гора. А во пролетта 1943 г. дел од преживеаните борци влегле во составот на Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“, а други 15 борци формирале истоимена Партизанска група „Димитар Влахов“ и дејствувале во областа на Азот, а потоа се упатиле за Дебарца (11. Ⅷ 1943), каде што влегле во составот на НО баталјон „Мирче Ацев“ (18. Ⅷ 1943). Бидејќи е формиран во Велешко, познат е и како Велешки народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“, а бидејќи голем дел од борците биле од Прилеп и Прилепско, познат е и како Прилепски народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“. ЛИТ.: Љубен Георгиевски, Некои поединости што го доосветлуваат ликот на Мицко Козар & првоборец и командант на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“, „Стремеж“, Ⅷ, 6 и Ⅸ, 1, Прилеп, 1962 и 1963, 36&44 и 40&53; Стефан Пиперковски, Оружје на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“, „Музејски гласник“, бр. 3, Скопје, 1974, 141&145; Благоја Бошкоски-Дабичо, Формирањето на Прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“ во 1942 година, Прилеп и Прилепско во НОВ 1942 година, кн. прва, Скопје, 1978, 287&304; Илија Андреевски-Кагин, Митинзи одржани од Партизанскиот одред „Димитар Влахов“ во летото и есента 1942 година, на истото место, 305&323; Благоја Бошкоски-Дабичо, Борбата на Мукос на Втората чета на Прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“ на 14 септември 1942 година, на истото место, 325&338; Илија Андреевски-Кагин, Борбениот пат на Втората чета од Прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“ во месец октомври 1942 година, Прилеп и Прилепско во НОВ 1944 – 15 мај 1945 година, кн. трета, Скопје, 1985, 199&215; Наќо Мешков, Две средби во одредот „Димитар Влахов“, Тиквешијата во НОВ 1941&1945, кн. седма, Страшо Пинџур & народен херој, Кавадарци&Неготино, 1985, 201&202. С. Мл.