НАРОДЕН ФРОНТ НА МАКЕДОНИЈА

НАРОДЕН ФРОНТ НА МАКЕДОНИЈА (2–3 Ⅷ 1945–1991) – масовна политичка организација формирана пред Втората светска војна, активна во времето на Антифашистичката националноослободителна војна во Македонија (1941-1944) и по ослободувањето на земјата. НФ функционирал како продолжена рака на КПМ, но и на органите на борбата и органите на новата власт што се создавала во текот на борбата. На Првиот конгрес, одржан на 2–3 август 1945 г. во Скопје, биле избрани органите, со тоа и институционално добила карактер на масовна политичка организација, главно за остварување на политичко-пропагандни задачи. Интензивно бил вклучен во активностите за обнова и изградба на НРМ. Дејствувал и како координатор на работата на другите масовни политички организации во остварувањето на задачите добивани од КПМ. ЛИТ.: Д-р Лазар Лазаров, Општественополитичките организации во обновата и изградбата на НР Македонија 1944-1948, Скопје, 1979; Општествено-економскиот развој на НР Македонија во периодот на обновата и индустријализацијата (1944–1957), Скопје, 1988; Д-р Новица Велјановски (со коавтори), Запознајте ја Македонија, Скопје, 2001. Н. В. Народната банка на РМ