„СВЕТИ СТЕФАН“ – манастирска црква во с. Конче (Радовишко). Градена од делкан камен, со наизменични редови од тули и од малтер. Во основата има впишан крст во правоаголен простор, со купола врз осмостран тамбур што лежи врз четири столба. Олтар-Иконостасот на црквата „Св. Спас“, Скопје (1819-1824) ната апсида од надворешната Манастирската црква „Св. Стефан“, с. Конче, Радовишко страна е тристрана, со висок прозорец во средината. Според зачуваните податоци, таа била изградена со средства на великиот војвода Никола Стањевиќ. Во литературата како година на изградбата и живописувањето се зема 1366, кога цар Урош со своја хрисувула потврдил црквата да биде приложена на светогорскиот манастир Хиландар. Се смета дека фрескоживописот изведен во внатрешноста на црквата потекнува од 1366 до 1371 г. Од него останале неколку ликови на светители и мал број композиции, меѓу кои и Причестувањето на апостолите и Поклонувањето на Агнецот (во апсидата). Кон средината на ⅩⅤⅠⅠ в. била запуштена и напуштена, а потоа (ⅩⅠⅩ в.) обновена, при што бил дограден и отворен трем. Иконите на новиот дрвен иконостас се дело на зографите Димитар Андонов-Папрадишки и Костадин Ив. Вангелов. Во дворот на манастирот, кој бил ограден со висок ѕид, се зачувале остатоци од одбранбената кула-пирг. ЛИТ.: В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; С. Новакови¢, Законски споменици српских држава средњег века, Београд, 1912, 444; И. СнегаровÍ, История на охридската архиепископия-патриаршия (Ⅱ), София, 1932; Р. М. Груји¢, Задужбина великог војводе Николе Стањеви¢а у Кончи код Струмице, „Старинар“, САН, н.с. 34, 1952, Београд; В. Ј. –ури¢, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974, 76; К. Балабанов, Прилог кон проучувањето на манастирската црква „Св. Стефан“ во с. Конче, Радовишко, „Културно наследство“, Скопје, 1978, 261– 267. К. Б.