НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА

НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА – размена на добра и услуги меѓу Увоз 1.530851 1.718.904 2.093.872 3.097.000 различните национални еконо- Салдо -418.065 -514.856 -771.255 -1. 056.000 мии. Трговијата во Македонија Покриеност на увозот со извоз – во % 72,7 70,0 63,2 65,9 отсекогаш имала интернационален карактер, благодарение на нејзината централна позиција на Балканскиот Полуостов и на поволната природна и воедно најкратка врска помеѓу Запад и Исток по долината на реката Вардар. Овој факт бил забележан уште од Римјаните, инаку вешти војници и трговци, поради што значајните патни правци во тоа време (Виа Егнатиа и Цариград – Белград) минувале токму низ Македонија. Во ⅩⅣ и ⅩⅤ век Македонија била значајна трговска дестинација. Скопје бил главен трговски центар со присуство на познати трговци – Дубровчани, Венецијанци и Византијци. Меѓу двете светски војни трговијата во Македонија била трета стопанска гранка. Во првите десет години по Втората светска војна (1945–1955), надворешната трговија на Македонија заостанувала зад општиот развој на економијата. Имено, учеството на извозот во општествениот производ на земјата (1955) изнесувало 2,7%, а на увозот 2,6% (апсолутната вредност на извозот и увозот била сè на сè 30 милиони САД $). По 1955 г. динамиката на порастот на извозот и увозот оди пред динамиката на порастот на општествениот производ на земјата. Синтетички гледано, во периодот 1945–1989 г., структурата на надворешната трговија, според степенот на преработката, имаше позитивен тренд и кај извозот и кај увозот, додека извозот на инвестициони добра беше многу низок, а увозот до седумдесеттите години многу висок, а потоа се преполови и драстично се намали во текот на осумдесеттите години. Во истиот период најголемо учество во македонскиот извоз имаа: текстилните ткаенини, облеката, обувките, обоените метали, железото, неметалите, пијалаците и тутунот, а во увозот: текстилните предива, кож-Трговски дефицит – % во БДП 9,83 15,36 19,78 ните производи, метални производи, машините и уредите, а по 1974 г. и нафтата. Врз правците на надворешната трговија значајно влијание имале компаративните предности, комплементарноста на економиите, но и политичките односи со трговските партнери. Во овој период од 40 до 50% од вкупната надворешна трговија на Македонија отпаѓа на земјите на СЕВ, 20% на земјите на ЕЕЗ, 20% на другите западни земји и 10% на земјите во развој. По земји, во текот на 1980тите години најзначајни трговски партнери на Македонија, и на страната на извозот и на страната на увозот, беа: СССР, Западна Германија, Италија, САД, Пол-ска, Чехословачка и Источна Германија. По осамостојувањето, Македонија како мала земја се соочи со императивот да ја зголеми својата отвореност и да ја подобри својата интегрираност во глобалните светски економски текови во 1990 г. Учеството на надворешнотрговската размена (вредноста на извозот и увозот заедно) во бруто-домашниот производ на земјата изнесуваше околу 60%, за во текот на 1990-тите години да надмине 80%. Според индексот на отвореност во меѓународната трговија, Македонија помеѓу 141 земја е рангирана на 40-тото место (во поширокиот регион подобра позиција имаат само Словенија и Бугарија). Тенденцијата на пораст на надворешнотрговската размена е проследена со намалување на степенот на покриеност на увозот со извоз и со пораст на трговскиот дефицит на земјата. Ваквата состојба не е одржлива на подолг рок и упатува на потребата од пораст на конкурентната способност на македонската економија и пораст на учеството на производите со Вредност на извозот и увозот на СР Македонија во САД $–селектирани години Година 1960 1970 1980 1984 1989 поголема додадена вредност во структурата на извозот. Во структурата на извозот најголемо учество во 2005 г., имаа: текстилот и облеката (28,5%), железото и челикот (26%), земјоделските производи – храна и суровини (17,3%), минерални суровини – руда, горива и обоени метали (10,78%) и машини, канцелариска и транспортна опрема (5,38%). На страната на увозот доминираа: минералните суровини, рудите и горивата (21,85%), машините, канцелариската и транспортната опрема (17%), земјоделските производи – храна и суровини (13,77%), хемиските производи (10%) и разни полупроизводи (9%). Најзначајни надворешнотрговски партнери на Македонија во последниве неколку години се: Србија и Црна Гора, Германија, Грција, Италија, Русија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција и Словенија. ИЗВ.: Републички завод за статистика, Развој на СР Македонија 1945 –1984, Скопје, 1986, 107–110; УСАИД, Охрид Институт фор Ецономиц Стратегиес анд Интернатионал Аффаирес, Влада на Република Македонија, Извештај за надворешната трговија на Македонија, Скопје, 2006, 65–108. ЛИТ.: Т. Мировски, Стопанството на Вардарска Македонија меѓу двете светски војни, МАНУ, Скопје, 1998, 184–214; Н. Узунов, Стопанството на Република Македонија 1945–1990, МАНУ, Скопје, 2001; УСАИД, Охрид Институт фор Ецономиц Стратегиес анд Интернатионал Аффаирес, Влада на Република Македонија, Извештај за надворешната трговија на Македонија, Скопје, 2006. Т. Ф.