НАЈДЕНОВ, Љубен

НАЈДЕНОВ, Љубен (Горна Џумаја, 2. Ⅷ 1930 – Скопје, 10. Ⅶ 1979) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1954). Магистрирал на Универзитетот во Беркли, САД (1965). Бил редовен професор на Архитектонскиот отсек. Освен со педагошка и публицистичка дејност се занимавал и со архитектонско проектирање. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Неговиот опус е богат и разновиден, а најзначајни се: хотелот „Ривиера“ во Охрид (1959); Стоковната куќа во Охрид (1961); Домот на културата во Делчево (1971); хотелот „Дрим“ во Струга (1970); Клиниката за кардиологиЉ. Најденов: Хотелот „Дрим“ во Струга (1970) ја во Скопје (1978). Објавил повеќе трудови што ја третираат проблематиката од областа на училишните објекти. Кр. Т.