МУСТАФА-ПАШИНА ЏАМИЈА

МУСТАФА-ПАШИНА ЏАМИЈА (Скопје, Стара чаршија, 1492/1493) – верски објект, споменик на културата. Изградена под ктиторство на Мустафа-паша, османлиски санџакбег и везир. Покрај џамијата биле подигнати и имарет и карван-сарај, кои веќе не постојат. Во дворот на џамијата се наоѓа турбето на Мустафа-паша. Има квадратна основа, покриена со импозантна купола, со пречник од околу 16 м. Влезниот трем е покриен со три мали куполи, потпрени на четири столба. ОШТЕТУВАНА и реновирана, претставува еден од најубавите османлиски културни споменици во Скопје. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Мустафа-пашина џамија Скопје, библиотека Мале туристичке монографије, Загреб, 1975; Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998; Аѕверди Екрем Хакки, Аврупа’да Османлџ Мимарџ Есерлери. Ѕугославѕа, ллл цилд, 3. китаб, Истанбул, 1981, 262-264. Др. Ѓ.