МУСТАФА, Фаик Авзи (Фаик Авзи Мустафа) (с. Грешница, Кичевско, 1949) – педагог и унив. професор. Основно и средно образование завршил во родното место и во с. Зајас. Средно образование завршил во „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, а дипломирал на Групата за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје. Се вработил како библиотекар на Катедрата по албански јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Магистрирал на Универзитетот во Загреб, а докторирал на Скопскиот универзитет. По докторирањето е избран за редовен професор на Катедрата за албански јазик и книжевност по предметот Методика на наставата по албански јазик и книжевност. Со свои трудови земал активно учество на голем број семинари, научни конференции, собири и симпозиуми во РМ и надвор од неа. БИБ.: Фигура мшсуесисх схљиптарш, Тетовш, 1995; Развојот на основното училиште на албански јазик во Република Македонија од 1945-1975 г., 1998; Дидактика на албанскиот јазик и на книжевното читање, 2002; Развојот на говорот кај децата од 0 до 5 години, 2002; Хѕрје нш методологјинш е пуншс кшркиморе-схкенцоре нш фусхш тш филологјисш, Менора, Схкуп, 2006. А. П. Мустафа-пашина џамија (ⅩⅤ в.)