МУРГОСКИ, Зозе (с. Модрич, Струшко, 3. Ⅹ 1950) – редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Основно (1964), средно (1969) образование (1969) и Филолошки факултет (1976) завршил во Скопје. Магистрирал на темата „Пасивне конструкције у енглеском и македонском језику“ на Филолошкиот факултет во Белград (1984), а докторирал на темата „Начини на искажување идност во англискиот и македонскиот јазик“ на Филолошкиот факултет во Скопје (1991). Работел како стажант на Филолошкиот факултет во Скопје (1981), помлад асистент (1982–1984), асистент по современ англиски јазик (1984–1991), доцент (1991–2001), вонреден (1996–2001) и редовен професор (2001). На Катедрата за преведување и Катедрата за англиски јазик предава Контрастивна анализа на англискиот и македонскиот јазик и Терминологија, а на постдипломските студии предава Техника на научната работа и Општа лингвистика и лексикографија. Неговиот научен интерес е свртен кон лексикографијата, контрастивната граматика, терминологијата и локализацијата на софтверот на македонски јазик. БИБ.: Македонско-англиски разговорник, Скопје, 1991; Македонско-англиски речник, Велес, 1992; Англиско-македонски речник, Скопје, 1993; Англиско-македонски речник на идиоми, Скопје, 1993; Англиско-македонски и македонско-англиски речник, Скопје, 1995; Граматика на англискиот јазик, Скопје, 1995; Речник на компјутерски термини, Скопје, 1996; Деловен англиски, Скопје, 1996; Македонско-англиски речник на идиоми, Скопје, 1996; Енглисх Граммар њитх цонтрастиве нотес он Мацедониан, Скопје, 1997; Граматика на англискиот јазик, Вежби, Скопје, 1997; Англиско-македонски и македонско-англиски деловен речник, Скопје, 1997; Англиско-македонски и македонско-англиски речник со граматика, Скопје, 1997; Голем англиско-македонски речник, Скопје, 2001; Голем македонско-англиски речник, Скопје, 2003; Македонско-англиски-албански правен речник, Скопје, 2003 (со коавтори); Речник на македонскиот јазик, Скопје, 2005; Локализација и превод на македонски јазик на програмите на Мајкрософт Оффице 2007 и Њиндоњс Виста, Скопје, 2008; Енглисх-Мацедониан Пхрасе Боок, Скопје, 2008; Енглисх-Мацедониан Леарнер’с Дицтионарѕ, Скопје, 2008; Англиско-македонски и македонско-англиски деловен и правен речник, Скопје, 2008; Лексикон на странски зборови, Скопје, 2009; Речник на македонскиот јазик. Второ проширено и преработено издание, Скопје, 2009; Локализација и превод на македонски јазик на програмата Мајкрософт Оффице Сервер ЛИП12, Скопје, 2009. С. Мл.