МУРАТОВСКИ, Кирил

МУРАТОВСКИ, Кирил (Галичник, 14. Ⅲ 1930 – Скопје, 21. Ⅶ 2005) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Скопје (1957). Како проектант работел во проектантското претпријатие „Проектант“ и во „Македонијапроект“ во Скопје. Освен станбени објекти, проектирал и реализирал и општествени, административни и деловни згради. Се занимавал и со публицистичка дејност. Позначајни реализирани објекти: Стоковна куќа во Кавадарци (1965); Конзулат на Р Франција во Скопје (1966); Градски плоштад во Тетово (1967); комплекс на Музеи на Македонија во Скопје (со М. Томиќ); деловна зграда на ЗОИЛ „Македонија“ во Скопје (1977, со М. Сидоски). К. Муратовски и М. Сидоски: зградата на ЗОИЛ „Македонија“ (1977) ЛИТ.: Т. Писевски, Архитект Кирил Муратовски (1930–2005), во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век. Прилози за проучувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје 2006, 187-192. Кр. Т.