МУКАЕТОВ, Киро

МУКАЕТОВ, Киро (Кавадарци, 5. ⅩⅠⅠ 1923 – Скопје, 10. Ⅳ 2005) – новинар, припадник на првата повоена генерација. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1950). Учесник во НОБ од октомври 1942, апсен и интерниран. Од октомври 1944 г. го уредувал Билтенот на НОФ за Тиквешијата. Новинар во „Нова Македонија“ (1945/46), потоа цела деценија дописник на Танјуг од Македонија. Во периодот 1957/79 г. уредник, главен уредник и директор на „Стопански весник“. Соработувал со повеќе медиуми, особено од Словенија. Го редактирал и подготвил за печат шестомниот зборник „Тиквешијата во НОБ 1941-1945“. Б. П. Ѓ.