МУЗЕЈСКИ ЗБИРКИ ВО МАКЕДОНИЈА

МУЗЕЈСКИ ЗБИРКИ ВО МАКЕДОНИЈА – музејски институции со ограничена дејност. Обично се однесуваат на еден вид предмети на наследството или на една тематика на одредена научна дисциплина со различен вид предмети. Постојат повеќе приватни или општествени музејски збирки. Во практиката тие се потенцијални музејски установи, доколку во нив се интензивира стручната и научната работа. Постојат повеќе примери на прераснување на збирките во музеи, како што се: Музејот на Јужна Србија настанат од археолошката збирка при Филозофскиот факултет во Скопје (1924), Природнонаучниот музеј во Струга, од приватната збирка на д-р Никола Незлобински (1924) и др. Сега постојат повеќе приватни музејски збирки, а јавните три се под директна стручна управа на Музејот на Македонија – Археолошко-историска збирка – Ресен, Археолошка збирка – Валандово и Археолошка музејска збирка – Кочани. К. Бог.