МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ (Скопје, 1949) – општ музеј, основан по одделувањето од Народниот музеј. Посветен е на историјата на градот Скопје и неговата околина, од праисторијата до денешни дни. Како посебни оддели во него се застапени археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста. Основач бил Народниот одбор на Скопската околија, а денес работи под покровителство на Собранието на градот Скопје. Од 1970 г. е сместен во старата Железничка станица на повр2 шина од 4820 м . Располага со изложбен простор, работилници, канцеларии, лаборатории и библиотека. Во изминатиот период, преку редовната стручна работа, има прибрано над 16.000 музејски предмети. Дел од нив се изложени во постојаните поставки со етнолошка, историска и археолошка содржина. Приредува и повремени изложби од современата уметност. Во неговиот склоп работи и депандансот Музеј на старата скопска чаршија, сместен во Сули-ан, каде што има постојана изложба за нејзиното минато. ЛИТ.: Драган Петковски, Хисторијски музеји и збирке у музејима Македоније с посебним освртом на Музеј града Скопја, Загреб, 1976; ™орÚе Миљковиђ, Музејска делатност у Македонији, Скопје, 2001. К. Бог. Мизејот на Македонија