МУВИ, ВИСТИНСКИ

МУВИ, ВИСТИНСКИ (Мусцидае) – двокрилни инсекти, главно паразити на човекот и на животните. Се хранат и со органски материи во распаѓање. Ларвите се развиваат во гнили органски материи или паразитираат во телата на други животни. Најпознат претставник е домашната мува (Мусца доместица Л.) која, престојувајќи и на нечисти предмети и на храна, пренесува заразни болести како тифус и туберкулоза. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.