МРЕЖОКРИЛЦИ

МРЕЖОКРИЛЦИ (Неуроптера) – инсекти со издолжено тенко тело со два пара проѕирни мрежести крилја, по што го добиле името. Различно се обоени, со големина од 1 до 2 цм. На главата имаат еден пар релативно долги пипала составени од многу членчиња. Имаат устен апарат за грицкање. Се размножуваат со потполна преобразба. Ларвите имаат три пара нозе; кај повеќето видови усниот апарат е тенка цицална цевка, со која го исцицуваат пленот, а некои ларви имаат јаки вилици за фаќање. Мрежокрилците живеат на различни места (покрај реки, езера и тревници). Познати се преку 6.000 видови. Редот опфаќа повеќе фамилии. Најпозната е мравкини лавови (Мѕрмелеонтидае), чии ларви се хранат со мравки, ситни инсекти и со водни молци. Во Македонија има и други интересни видови мрежокрилни инсекти како: Мантиспа стѕриаца Пода, која според надворешниот изглед потсетува на богомолка; од родот Либеллоидес познат е видот Л. мацарониус Сцоп., и ендемичниот Л. либеллулоидес Сцх.; видот Немоптера синуата Олив. исто така е ендемичен и еден од најелегантните мрежокрилни инсекти, со долги и лентовидни задни крила. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.