МРАВКИНИ ЛАВОВИ

МРАВКИНИ ЛАВОВИ (Мѕрмелеонтидае) – мрежокрилни инсекти. Името го добиле по ларвите, кои се најголеми непријатели на мравките. Возрасните личат на вилински коњчиња, по долгото и тенко тело и двата пара долги и тенки крилја. Ларвите прават инчести клопци во сува земја или во песок, во кои најчесто ловат мравки. Познати се околу 1.900 видови, главно од потоплите предели во светот. Во Македонија е најраспространет родот Мѕрмелеон застапен со три вида: мравкин лав (Мѕрмелеон формицариус Л.), (М. инцонспициус Рамбур) и европски мравкин лав (М. еуропаеус Л.). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје 1991, 1–640; Борис Скет … ет ал., éивалство Словеније, Народна ин универзитетна кнјиûница, Лјублјана 2003, 1-664. В. Т. К – М. Кр. Македонски мразовец