МОСКОВСКИ ДОГОВОР СТАЛИН

МОСКОВСКИ ДОГОВОР СТАЛИН – ЧЕРЧИЛ ЗА БАЛКАНОТ (1944). Во првиот ден од посетата на британската владина делегација во Москва (9. Ⅹ 1944) во Кремљ бил постигнат договор за поделба на Балканот на сфери за влијание: во Романија СССР 90%, а Велика Британија и САД 10 %; во Грција Велика Британија и САД 90%, а Русија 10%; во Бугарија СССР 75%, а Велика Британија и САД 25%; во Југославија и во Унгарија двете страни по 50%. Со тоа Македонија била поделена и меѓу источниот-комунистички и западниот-капиталистички блок. ЛИТ.: Балкански уговорни односи, Ⅱ, Београд, 1998. М. Мин.