МОРОДВИЗ

МОРОДВИЗ – средновековен град и епископија. Се лоцира во месноста Градиште, кај с. Мородвиз. Првпат се спомнува во 1018 г., кога градските клучеви му биле предадени на Василиј Ⅱ во Мосинопол. Во грамота на Василиј Ⅱ (1019) е засведочен како седиште на епископија, а на крајот од ⅩⅠⅠ в. и како провинција (заедно со Малешево). Во ⅩⅣ в. е регистриран како село. ЛИТ.: Кирил Трајковски, Истражувања во Мородвиз, 1980, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија, Џ–Ⅺ (1979 –1982), Скопје 1983, 133-142; Т. Томоски, Морозвидска епископија, Македонија низ вековите. Градови, тврдини, комуникации, Скопје, 1999, 169–188. Б. Петр.