МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ

МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ. Монетоковањето на пајонските кралеви се одвивало во периодот од крајот на Ⅴ до крајот на Ⅲ в. пр. н.е. Според досегашните истражувања се смета дека прв почнал да кове свои пари пајонскиот владетел Теутаос (ок. 430/425 – ок. 400 г. пр.н.е.). Познати според мал број монети, откриени во пајонскиот регион или во неговата непосредна близина, се пајонските владетели Бастареј, Симон, Никарх и Диплај. Кралот Ликеј (359/–340/335), чиешто постоење е Монета на Ликеј (аверс/реверс) потврдено и со историски факти, е првиот владетел со поголема продукција на сребрени монети, којшто го зголемил бројот и на типовите и на номиналите, а кој своите пари ги ковел според редуциран пајонски стандард. Неговото монетоковење во многу сегменти укажува на блиски релации со монетарницата на Дамастион. Наследникот, кралот Патрај (340/ 335–315) ковел повеќе типо-Монета на Патрај (аверс/реверс) ви тетрадрахми, драхми и тетроболи. На некои подунавски племиња парите на овој владетел им послужиле како предлошка за ковење имитации. Синот на Патрај, кралот Авдолеон (315–286/5), продуцирал пари со повисок квалитет (тетрадрахми, дидрахми, драхми и тетроболи). Во почетокот (315–305 г. пр.н.е.) ковел пари според пајонскиот стандард, а потоа (по 305 г. пр.н.е.) – според Монета на Авдолеон (аверс/реверс) ни од одделни подунавски племиња. Влошената економска ситуација во Пајонија (Ⅲ в. пр.н.е.) се одразила и на монетоковењето, па така кралот Леон (278–ок. 250) ковел само бронзени монети. На последниот пајонски крал Дропион (ок. 250 – ок. 230), основачот на заедницата на Пајонците, му се припишуваат монетите со легенда ΠΑΙΟΝΩΝ . Овие Дропионови пари се последната манифестација на монетоковење пред дефинитивното исчезнување на пајонската држава. ЛИТ.: В. Битракова-Грозданова, Споменици од хеленистичкиот период во СР Македонија, Скопје 1987, 81–102; В. Лилчиќ – П. Јосифовски, Сребрен диобол на пајонскиот владетел ΤΕΥΤΑΟ(Σ), „Мацедониан Нумисматиц Јоурнал“, 1, Скопје 1994, 27–37; П. Јосифовски, Цоинс њитх инсцриптион „ΠΑΙΟΝΩΝ“ фром тхе цоллецтион оф тхе Натионал Банк оф тхе Републиц оф Мацедониа, „Мацедониан Нумисматиц Јоурнал“, 4, Скопје 2000, 15–28. П. Ј.