МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ КРАЛЕВИ

МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ КРАЛЕВИ. Во периодот помеѓу Ⅴ и Ⅱ в. пр.н.е. кога се одвива монетоковењето на македонските кралеви, Александар И (498–454) е првиот македонски крал што кове пари со своето име, почнувајќи од 480/479 г. пр.н.е. Експанзионистичката политика на Александар И по завршувањето на Персиската доминација на Балканот, била причина за престанување на монетоковењето кај повеќе пајонски племиња. Богатите рудници за сребро од анектираните територии му овозможиле услови за значителна продукција на пари. Неговиот наследник кралот Пердика Ⅱ (454–413), иако долго владеел, ковел монети само со помали вредности: тетроболи, диоболи и оболи. Тој го вовел типот на парите македонското кралско монетоковење. Синот на Пердика Архелај (413–399) извршил повеќе рефор-Монета на Архелај (аверс/реверс) ми, меѓу нив и монетарна. Тој го напуштил дотогашниот систем и своите монети ги ковел со редуцирана тежина, според т.н. персиски тежински стандард, но со локални карактеристики. Кон крајот на неговото владеење (ок. 400 г. пр.н.е.) тој првпат кај македонските владетели почнува да кове пари од бронза. Воведувањето пари од неблагороден метал довело до промени во монетарната политика и локалната економија. По Архелај, наредните кралеви се карактеризираат со краткотрајно владеење: Аероп Ⅱ (396–393), Аминта Ⅱ (392–390) и Павсанија (390–389). Аминта Ⅲ (389–369), покрај бронзени пари, ковел и сребрени статери, хемидрахми и диоболи. Кралот Филип Ⅱ (359– Монета на Филип Ⅱ (аверс/реверс) 336) прави реформи во финансиите и значително ја зголемува продукцијата на пари во сите три метала, а првпат кај македонското кралско монетоковење воведува и ковење златни пари. Тој користел два тежински стандарда, еден за златните, друг за сребрените, а првпат исти типови пари биле ковани во различни монетарници (Пела и Амфипол). Тој е првиот македонски крал, чии изданија биле ковани и постхумно, а притоа и масовно биле имитирани од повеќе варварски племиња. Монетоковењето на Александар Ⅲ Македонски (336–323) е окараксо Херакле, кој потоа станал најроболи и оболи. Иконографијата Монета на Александар Ⅲ Македонски (аверс/реверс)популарниот во репертоарот на на парите најчесто опфаќала мотитеризирано како прво монетоко-ставата на митскиот херој Персеј атичкиот. И некои типови од павење од светски размери. Тоа оп-била омилена тема за парите што рите на Авдолеон биле имитирафаќа повеќе од 4000 изданија во ги ковел. злато, сребро и во бронза. Поради големата популарност, имитации на неговите пари биле правени во злато, сребро и во бронза. Во времето на Филип Ⅲ Аридај (323– 317) монетарната продукција опаднала, а некои монетарници биле затворени. Во 311 г. пр.н.е., по склучениот договор помеѓу завојуваните дијадоси, Касандар официјално бил прогласен за стратег на Европа. Тој ковел само бронзени пари. Во одредени периоди во првата половина на Ⅲ в. пр.н.е. Македонија била управувана од дијадосите Деметриј И Полиоркет, Пир и Лисимах, чии монети циркулирале низ Македонија. Деметриј Полиоркет, познатиот специјалист за поморски битки и опсади, во 294 г. бил прогласен за крал на Македонија (294–288/7). Тој вовел сосема нови и дотогаш непознати монетни типови, преку кои ги пропагирал неговите воени успеси, како што била неговата поморска победа кај Саламина. Претставата на Нике на преден дел од брод и на богот на морето Посејдон се основниот дизајн за неговите пари, а интересни се и типот на парите со македонски штит и шлем. Во 277 г. пр.н.е., со впечатливата победа над Келтите, Антигон Гоната (277–239) успеал да ја направи Македонија повторно важна политичка сила. Неговото монетоковење опфаќа изданија на статери, тетрадрахми, драхми и бронзени монети. На кралот Деметриј Ⅱ (239–229) му се припишуваат само бронзени монети. Кралот Филип В (221– 179), во обид да ја запре римската Монета на Филип В (аверс/реверс) пенетрација на исток прави повеќе реформи за стабилизирање и зајакнување на својата држава, меѓу кои и реформи во фискалната дејност. Неговото монетоковење опфаќа повеќе типови пари ковени во злато, сребро и во бронза. На неговиот син Персеј (179–168) ниту натрупаното богатство ниту преземените военодипломатски чекори не му помогнале да го зачувува кралството. Во битката кај Пидна (168 г. пр.н.е.) тој бил поразен. Кај последниот македонски крал прет-ЛИТ.: М. Ј. Прице, Цоинс оф тхе Мацедонианс, Лондон, 1974; Д. Раѕмонд, Мацедониан Регал цоинаге то 413 Б.Ц., Нењ Ѕорк, 1983; М. Ј. Прице, Тхе цоинаге ин тхе наме оф Алеџандер тхе Греат анд Пхилип Аррхидаеус, Зурицх/Лондон, 1991; Г. Ле Ридер, Ле моннаѕаге д’аргент ет д’ор де Пхилиппе Ⅱ, фраппе ен Мацедоние де 359 а 294, Парис, 1977. П. Ј.