МОЗЕР, Јосип (Осиек, Хрватска, 12. Ⅸ 1915 – Загреб, 20. Ⅺ 1997) – физичар, ред. проф. (1965) на ПМФ. Дипломирал (1937) математика и физика во Загреб. Докторирал (1962) на ПМФ со темата „Дифракција на светлината кај зонските мрежички“. Работел како средношколски професор во низа југословенски градови, а од 1950 г. бил на ПМФ во Скопје, каде што вовел повеќе теориски предмети од физика. Специјализирал во Брауншвајг и Гетинген. Предавал и во Приштина, Сараево и Загреб и е запаметен како извонреден предавач. Тој објавил Јосиф Мозер околу 120 статии, повеќето од нив по пензионирањето, поврзани главно со физичката оптика, како и неколку средношколски и универзитетски учебници („Квантна механика“, 1963). Бил ментор на 8 докторати, претседател на ДМФМ и почесен член на ДФМ. ЛИТ.: Природно-математички факултет – Скопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 166; 60 години Природно-математички факултет – Скопје, Скопје, 2006, стр. 175–176. В. Ур.