МЛАДЕНОВ, Никола

МЛАДЕНОВ, Никола (Скопје, 10. Ⅲ 1964) – новинар што се афирмира во периодот на распаѓањето на СФРЈ (1988–1991) како главен и одговорен уредник на „Млад борец“, орган на ССММ, кој ги отвори своите страници за теми и личности што биле на неформалната „црна листа“ во македонското новинарство. Раскрстувањето со автоцензурата во медиумите и отвореното соочување со децениските гревови на комунистичката номенклатура му донесуваат на „Млад борец“ углед на предводник на демократските промени во СРМ. Во 1995 г. Младенов го основа „Фокус“, влијателен информативно-политички седмичник во РМ. Б. П. Ѓ. Ѓорѓе Младеновски