МИЦКОВИЌ, Натка Борисова

МИЦКОВИЌ, Натка Борисова (Радовиш, 25. Ⅱ 1943) – педагог, универзитетски професор. Завршила учителска школа (1962), студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1969), магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград (1980), а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1986). Била новинар во в. „Млад борец“ (1962–1973) и уредник во издавачката куќа за учебници „Просветно дело“ (1973– 1977). За асистент на Филозофскиот факултет во Скопје е избрана во 1977 г., а за редовен професор по предметите методологија на педагогијата и педагошка статистика во 1992 г. Објавила повеќе трудови во стручно-научната периодика во земјата и во странство. БИБ.: Современи сфаќања за наставата по математика во основното училиште, 1984; Детето и литературата за деца, 1985; Литературата за деца и нејзините воспитни можности, 1988; Современи сфаќања за научно-истражувачката работа во педагогијата, 1992 и др. ЛИТ.: Филозофски факултет: 1946–1996, Скопје, 1996, 49. К. Камб. Слободан Мицковиќ