МИЦЕВ, Димитар Леонидов

МИЦЕВ, Димитар Леонидов (с. Стојаково, Гевгелиско, 15. Ⅲ 1905 – Скопје, 7. Ⅲ 1989) – прв спец. по хигиена во Македонија. Медицински студии завршил во Белград и работел како лекар во Гевгелија до 1946 г., кога од Владата на Македонија бил испратен на специјализација по хигиена во Белград. Како главен републички санитарен инспектор (1947 –1957) бил иницијатор и основач на школата за санитарни техничари во Скопје. Потоа бил директор на Околискиот хигиенски завод во Скопје и директор на здравствената служба во Општината „Идадија“ во Скопје (до пензионирањето). Д. Д. МИЦЕВ, Миодраг Димитров